Возачот на Бектеши и Бесими поминал на црвено и удрил две возила кои тргнале на зелено

1 min read

Синоќешната сообраќајна незгода пред Владата според неофицијални информации од очевидци, ја предизвикал возачот Ј.Б., кој во владината „шкода“ во тој момент ги возел вицепремиерот Фатмир Бесими и министерот Крешник Бектеши.

Според сведочењето на соговорниците, до незгодата дошло во моментот кога возила „киа“ и „фиат“, паралелно од двете ленти на „Илинденска“, тргнале на вклучено зелено светло на семафорот, во правец кон Центар. Само што тргнале, службена „шкода“ поминала на црвен семафор и од десната страна удрила во двете прописно тргнати возила.

„Шкодата“ во која се возеле Бесими и Бектеши, доаѓала од булеварот „Свети Климент Охридски“, се движела кон Владата, т.е. кон владините гаражи. Во тоа време беа закажани состаноците на Економско социјалниот совет и преговорите со Синдикатот за покачување на минималната плата.

Возачот кој им го пресекол патот и ги удрил двете прописно тргнати коли, полесно е повреден и однесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. И возачите на двете други возила поминале со полесни повреди.

МВР освен потврда за настанот и известување за општо познатите работи: час, време, марка на трите автомобила и иницијали на возачите, нема сè уште детали како се случила сообраќајката. 

Извор: СДК

skopjeinfo.mk

Претходно

Ковачевски: 80 илјади граѓани ќе добијат зголемена минимална плата

Следно

ФОТО | Ријана во шокантно трудничко издание: Не се откажува од својот стил по никоја цена!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian