Владата ќе ја одржи 11-та седница

1 min read

Владата денеска со почеток во 11 часот  ќе ја одржи редовната 11-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма.

Според предложениот дневен ред, на денешната седница ќе се најдат повеќе предлози на законски решенија меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки и Предлог на закон за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи.

Меѓу другото, на седницата ќе се разгледува и Предлог-програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година, изготвена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

kurir.mk

Претходно

Денеска Владата ќе ја одржи редовната 11-та седница

Следно

Пронајдени оружје и муниција при претрес во скопско

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian