Ракометарите на Вардар ја остварија првата победа во СЕХА Лигата откако вечерва со убедливи 16:26 славеа на гостувањето кај Војводина.
Ова воедно претставуваше и прва победа за Давид Дејвис на меѓународен натпревар откако кон годината го замени Веселин Вујовиќ на кого му пресудија седумте порази по ред во Лигата на шамионите.
„Црвено-црните“ доминираа од првата до последната минута, а натпреварот го отворија со головите на Моралес и Дибиров и го оставија домашниот тим да чека повеќе од пет минути за првиот гол.
Војводина до деветтата минута имаше нерешен резултат (3:3) по што вардарци со два на Чувара и еден на Моралес направи мини серија од 0:3 и повеќе не дозволи на противникот даја врати резултатската неизвесност. На одмор „црвено-црните“ заминаа со два гола предност (9:11), а вториот дел го отворија со нова серија од 0:3 и до крајот на натпреварот само ја зголемуваа предноста. Во 46 минута за прв пат имаа двоцифрена предност (11:21) и рутински го привршија натпреварот.
Најпрецизен беше Тимур Дибиров со седум постигнати гола, додека Оливие и Кевин Њокас дадоа по четири гола.