Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Велковски и неговата сакана Тамара Чуприна станаа родители.
Парот неодамна започна заеднички живот и стапија во брак. Фудбалскиот репрезентативец кој игра за прволигашкиот клуб Риека, на 26 декември ја побара својата сакана Тамара, а набргу потоа стапија во брак.

Среќните вести и убави моменти од интимната прослава, новиот брачен пар ги сподели преку низа фотографии на „Инстаграм“ споделувајќи ја својата радост со блиските и следбениците.

Вчера на својот инстаграм-профил Тамара објави дека таа и Дарко станале родители, а парот веќе го откри и името на нивниот прв син, Ведран.
Нека ви донесе многу ведрина, честитки!