Снег на патиштата: Забрана за камиони на патот Струга-Ќафасан, укината забраната на Стража

1 min read

На патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан има забрана за сообраќај за тешки товарни возила, додека забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража е укината утринава во 06:40 часот, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег и по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат”

Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сите товарни возила преку Плетвар мора да имаат поставено зимска опрема, еве ја состојбата на патиштата

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кој дел од Декларација за Делчев им смета, дали Ковачевски преговара за Делчев со Бугарија?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian