Скопските градоначалници заедно со Градот Скопје се обврзаа на системско решавање за отпадот во населените места

1 min read

На денешната втора седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје, градоначалниците дискутираа на повеќе теми, меѓу кои и состојбата со чистењето на депониите низ скопските општини.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ги информираше градоначалниците за бројот на исчистени депонии во секоја од општините во градот, чиј број е повеќе од 150 веќе исчистени депонии на територија на градот Скопје, им заблагодари за заедничката соработка на градоначалниците кои учествуваа во ваквата акција на Градот, која ќе продолжи да се интензивира, секаде каде што ќе се увиди потребата од чистење Градот навремено ќе интервенира и на барање на граѓаните.

Градоначалничката Арсовска апелираше до градоначалниците да направат напори за дополнително детектирање на загадувачите и функционалност на инспекциските служби во насока на увид и чистење на депонии кои се наоѓаат на приватни имоти, како и одредување на дополнителни локации каде е потребна интервенција од страна на службите за чистење на смет и градежен шут.

На состанокот беше даден предлог за воспоставување на заедничка акција за чистење на кабаст отпад, која сите скопски општини би ја реализирале заедно со Градот Скопје истовремено,  акцијата би се одвивала четири пати годишно, со цел зголемување на свесноста за незагадување на јавните површини и воспоставување на добра практика во грижата за почиста животна средина и незагадување на јавните површини кое е во интерес за здравјето на сите скопјани.
 

skopjeinfo.mk

Претходно

Османи се сретна со претставникот на македонските Бугари, Петар Колев

Следно

Косовските пратеници лани потрошиле над 100 илјади евра за патување на седници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian