Скопјани најмногу се жалат на суви дрвја, депонии и реагираат за безбеден сообраќај

1 min read

Скопјани се одговорни граѓани, реагираат за проблемите во градот и околината, со цел истите надлежните да ги решат во најкус можен рок. 

Имено, откако профункционира меил-адресата за комуникација со граѓаните на Град Скопје, пристигнати се без малку 1.000 барања, а од Град Скопје велат дека досега се решени  873 проблеми. 

Скопјани намногу пријавиле локации на кои се создаваат диви депонии, се интересирале за процедурите за сечење суви дрвја, побарале поставување семафори, сообраќајни знаци или столпчиња за да се спречи непрописното паркирање на јавните површини, а има голем број предлози и за подобрување на јавниот превоз. 

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.  

skopjeinfo.mk

Претходно

ФОТО: Оризопроизводителите денеска повторно излегоа на протест

Следно

БИТКОИНОТ ЌЕ ЈА СПАСИ РУСИЈА ОД САНКЦИИ? Земјата може да инкасира милијарди од даноци за крипто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian