Сите товарни возила преку Плетвар мора да имаат поставено зимска опрема, еве ја состојбата на патиштата

1 min read

АМСМ известува дека од 20:00 ч. сите тешки товарни возила кои се движат преку планискиот превој Плетвар мора да имаат поставено зимска опрема (синџири).

Во 06:40 часот се укина забрана за ТМВ на планинскиот превој Стража. Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Струга – г.п. Ќафасан.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози,а на повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

kurir.mk

Претходно

Минималецот од март 18.000 денари

Следно

Снег на патиштата: Забрана за камиони на патот Струга-Ќафасан, укината забраната на Стража

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian