Пелистер игра топло-ладно во АБА2: Битолчани поразени од Рогашка

1 min read

Кошаркарите на Пелистер не успеаја да дојдат до втората едноподруго победа на третиот турнир во АБА2 лигата кој се игра во Бања Лука.

Пелистерци се поразени од екипата на Рогашка со 92:79 и останаа на две победи во девет кола со што се наоѓаат на претпоследното 13 место на табелата.

Откако во првиот натпревар на турнирот во Бања Лука дојдоа до убедлив триумф над фаворитот Младост од 99:82, овој пат избранците на тренерот Марјан Илиевски одиграа далеку послабо и на крајот загубија.
Првата четвртина помина во израмена игра и заврши со минимална предност на Рогашка од 23:22,  за на стартот од втората четвртина со мини серија од 0:4 Пелистер поведе со 23:26.

Потоа следеше тајм-аут на словенечкиот тим по кој се сменија работите на теренот, Рогашка возврати со серија 11:0 и поведе со 34:26, а неколку минути подоцна битолчани имаа двоцифрена негатива (41:31). Минусот на полувремето изнесуваше 12 поени (48:36) но Пелистер немаше сили за да се врати во игра и на крајот мораше да го запише седмиот пораз во деветтиот натпревар во АБА2 лигата.

Игор Кесар повторно беше најдобар кај Пелистер со 25 поени и 10 скока, додека Никола Малешевиќ дааде 24 поени, а кај Рогашка прво име беше Вујачиќ со 26 постигнати поени. Следниот натпревар за Пелистер е на 11 февруари против Подгорица.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Мари Ен Измајлов ја отпеа „Ајде слушај калеш бре Анѓо“ во Московската филхармонија: Реакциите не стивнуваат до ден денес

Следно

ФОТО | Серијата „Euphoria“ на мета на критики: Зендеја се огласи: Ова не е морална приказна, ова е претстава за реалноста

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian