НБРМ со реакција: Неточни се тврдењата за хакирање на веб-страната на Народната банка

1 min read

Апсолутно се неточни тврдењата дека е хакирана веб-страната на Народната банка, во што може да се увери секој доколку ја посети www.nbrm.mk , стои во реакцијата на НБРМ.

Од таму додаваат дека во изминатиот период имаше обиди за напад, но безбедноста на информацискиот систем на Народната банка никогаш не е доведена во прашање.

-Народната банка, во склад со глобалните трендови постојано работи на зајакнување на отпорноста на информацискиот систем, преку зајакнување на сигурносните заштити и на сите останати потребни ресурси, реагираат од таму.

kurir.mk

Претходно

Шефик Дураку објави дека ја напушта Алијанса за Албанците

Следно

Ќе можеме ли да живееме без Фејсбук и Инстаграм: Корисниците велат дека тоа ќе биде благослов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian