Колку брзо можете повторно да се заразите со коронавирус?

1 min read

Во овој бран забележани се и доста реинфекции со коронавирус, дури и кај оние кои неодамна прележале или се вакцинирале.

Едно од првите предупредувања кои ги издаде СЗО за омикрон беше да не се опуштаат ниту вакцинираните, ниту прележаните, бидејќи вирусот се размножува брзо и е позаразен од претходните варијанти. Општо земено, сарс-ков-2 е доста заразен вирус, кој веќе нападна со повеќе мутации.

Спречување на реинфекција е можна со почитување на најосновните препораки за превенција – носење маски, избегнување групирање со многу луѓе и здрави хигиенски навики.

Реинфекциите покажуваат дека вирусот е непредвидлив и на ниту една заштита не можеме да се потпреме целосно, доколку не ги почитуваме основните санитарни препораки.

Исто така, значаен фактор е и здравствената состојба на лицето кое се заразило повторно, неговиот имунолошки одговор на зарази, како и склоноста кон развивање тешки симптоми на болеста.

Во принцип, во идеален случај се смета дека во првите три месеци по прележан ковид, мали се шансите одново да се заразите. Сепак, со омикрон постојат и реинфекции во пократок период од тој. Во текот на последниот бран со омикрон сојот, најголем број реинфекции се случиле поради контакти со лица кои немале никакви симптоми на заразата.

kurir.mk

Претходно

Курти има тајна агенда за северно Косово

Следно

Објавени номинациите за Оскари 2022: Филмот „The Power of the Dog“ со 12 номинации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian