На македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, му беше укажана чест каква што ретко се гледеа кога станува збор за активни спортисти, тој доби мурал во главиот град на Хрватска.
Муралот кој се наоѓа во близина на основно училиште во Загреб, го наслика графити уметникот Јурча.
– Никогаш не се цртал мурал на активни играчи на некој клуб, па така е со Динамо, но навивачите одлучија дека мора да му биде посветен еден мурал на капитенот Аријан Адеми кој секогаш давал се од себе за клубот и навивачите и сигурно спаѓа меѓу тие што оставиле голем белег иако се уште игра – напиша Јурча на својот профил на Инстаграм.
Аријан Адеми во Динамо Загреб пристигна во 2010 година, а од 2017 година е капитен на „модрите“.