„Иста си како него“: Северина сподели фотографија од нејзиниот покоен татко

1 min read

Хрватската пејачка Северина се присети на својот покоен татко Север Вучковиќ и за првпат сподели негова фотографија.

„Мојот татко Север“, напиша Северина и во описот на фотографијата го додаде датумот 7 февруари.

Трогнати од објавата, нејзините бројни обожаватели ѝ напишаа дека веднаш ја забележале сличноста меѓу пејачката, нејзиниот син Александар и нејзиниот татко Север.

„Алекс личи на него“, „Внукот е ист како дедо му“, „Многу личиш на него“, „Се гледа на кого личат ќерката и внукот“ се дел од коментарите под фотографијата.

Северина рано го загубила татко ѝ, а своевремено, за време на гостувањето во српската емисија „АмиЏи шоу“, открила дека името го добила по својот татко.

„Моето име значи строгост и правда. Таква сум, навистина. Татко ми сакаше да ме крсти Наташа, но мајка ми го обожаваше мојот татко, а тој се викаше Север. Дедо ми им давал имиња на своите деца по страните на светот. Верувале или не. Тој имал четири сина – Север, Југ, Исток, Запад, а ќерка му се викала Деница. Меѓутоа, таа идеја не ѝ се допаднала на баба ми, па така мојот татко добил друго крстено име. Сепак, од непозната причина, мојот татко го задржал името Север, а јас го добив името по него“ раскажала Северина.

ФОТО | Северина заигра на „Калинка Малинка“: Хрватицата „го фати“ ритамот како родена Русинка

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Истрагата откри нови детали: Матеј Периш и порано изчезнувал од ноќни клубови

Следно

Каква чест: Навивачите на Динамо Загреб му нацртаа мурал на Аријан Адеми

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian