ФОТО | Ријана во шокантно трудничко издание: Не се откажува од својот стил по никоја цена!

1 min read

Минатата недела одекна веста Ријана и нејзиниот партнер А$AП Роки ќе станат родители, а оттогаш пејачката е топ тема во сите светски медиуми.

ФОТО | Конечно е вистина: Ријана е бремена, го очекува своето прво дете со А$АП Роки!

Среќната вест Ријана ја потврди со серија фотографии кои ги објави на својот инстаграм-профил, а на истите, секако, во преден план беше нејзиниот стомак .

Иако веќе е во поодмината бременост, таа не се откажува од своите специфични модни комбинации, но овој пат се чини дека отиде чекор подалеку.

Имено, пејачката се појави во издание кое предизвика бурни реакции во јавноста. Во хеланки, блуза од тантела и високи потпетици. Фотографиите молскавично го обиколија светот, а реакциите на социјалните мрежи се главно негативни.

Иако многумина беа воодушевени дека пејачката не се откажува од своите модни преференци поради бремноста, сепак имаше и такви кои го осудија потегот на поп дивата, но ни се чини дека таа воопшто не се грижи за негативните коментари. Останува да видиме во какви други комбинации ќе ја видиме пејачката до крајот на нејзината бременост.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Возачот на Бектеши и Бесими поминал на црвено и удрил две возила кои тргнале на зелено

Следно

Руската сензација прави чуда на ледот: Валиева ги надминува границите на возможното

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian