ФОТО | Александар Белов со новородената ќерка во раце го прослави 35-тиот роденден

1 min read

Македонскиот поп-пејач Александар Белов стана татко за првпат на Василица. Пејачот и неговата сопруга Јелена добија ќерка, на која ѝ го дадоа името Мина.

Белов, три недели подоцна, има уште една причина за славење. Пејачот го прослави својот 35-ти роденден со торта со свеќички и со малата Мина во своите раце. Среќниот татко објави идилична фотографија со својата миленичка и напиша дека за него Мина е најубавиот подарок:

„А, што можам да посакам повеќе од ова? Јас својот најубав животен подарок го добив!“.

Инаку, сопругата на Александар се породи во Клиничкиот центар во Крагуевац, Србија, каде што пејачот живее последниве години.

Новопечениот татко Александар тогаш среќната вест ја објави на социјалните мрежи со зборовите:

„Ти благодарам Боже што ни дозволи да станеме родители… Јелена Белов, ти благодарам што
ја донесе на свет нашата нова заедничка љубов. Се роди Мина Белов“.

ФОТО | Радост во семејството Белов: Пејачот Александар и неговата сакана Јелена станаа родители на Мина!

Александар и Јелена по повеќегодишна врска стапија во брак во септември 2019 година. Пејачот ја запроси својата избраничка во манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Брачната двојка живее во Србија, каде што Белов ја гради својата музичка кариера со неговиот бенд „Белов бенд“. Белов ја освои балканската публика со учеството во талент-шоуто „Операција Триумф“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За да не плаќа алиментација, нарачал убиство на сопругата – детали за грозоморниот случај

Следно

ВТА не верува многу во зборовите на Пенг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian