Црногорскиот претседател во дводневна официјална посета на Грција

1 min read

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ денеска ја започнува дводневната официјална посета на Грција на покана на неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу и ќе оствари низа средби со грчкиот државен врв, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на црногорскиот претседател соопштуваат дека ова е прва официјална посета на Грција од обновата на независноста, а согласно објавената програма, Ѓукановиќ освен со Сакеларопулу, ќе се сретне и со грчкиот премиер Кријакос Мицотакис, со претседателот на Парламентот Константинос Тасулас со атинскиот градоначалник Костас Бакојанис, а ќе положи венец на гробот на генерал Васо Брајовиќ Мавровуниотис.

Ѓукановиќ синоќа пристигна во Атина, а на аеродромот беше пречекан од потпретседателот на грчката Влада Панајотис Пикраменос.

Утрово, црногорскиот претседател на свечена церемонија со највисоки воени и државни причести, во претседателската палата ќе биде пречекан од претседателката на Грција.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже кој дел од Декларација за Делчев им смета, дали Ковачевски преговара за Делчев со Бугарија?

Следно

Џонсон: Санкциите се подготвени доколку Русија ја нападне Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian