Бектеши: Минимална плата 18.000 денари, заслуга на ДУИ и министерот за финансии Бесими

1 min read

Министерот за економија, Крешник Бектеши вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека 72 илјади работници земаат минимална плата од 15.200 денари.

„Мнималната плата ќе ја покрие просечната плата со 60,76% и таа ќе изнесува 18,000. До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот“, истакна Бектеши.

Бектеши напомена и дека заслуга за оваа мерка има министерот за финансии Фатмир Бесими и ДУИ како политичка партија, затоа што ова ветување е од предизборната програма на ДУИ, а се реализира сега од Владата.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Ги запознаваме ретките болести: Хантеров синдром, ретко наследно генетско нарушување

Следно

Јанев: Случувањата во Украина се директна закана за безбедноста на Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian