Барди осуден на четири месеци поради возење со фалсификувана возачка дозвола, но нема да оди во затвор

1 min read

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е осуден на затворска казна од четири месеци поради возење со фалсификувана возачка дозвола. Барди го признал делото по што судијата ја преиначил одлуката и ја сменил во условна казна во траење од две години.

Енис Барди во април минатата година беше запрен од полицијата во Валенсија, по што полицијата му побарала документи за идентификација и возачка дозвола. Еден од полицајците се посомневал дека дозволата е фалсификат и со дополнителна проверка било откриено дека недостасуваат безбедносни ознаки на истата.

Барди тогаш соопшти дека возачката дозвола му е легално издадена, но сепак судот пресуди дека е виновен и доколку го повтори делото во следните две години, тој ќе мора да се соочи со казна затвор од четири месеци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тамара Чуприна и фудбалерот Дарко Велковски станаа родители: Го открија и името на нивниот син!

Следно

ФОТО: Оризопроизводителите денеска повторно излегоа на протест

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian