Јанев: Случувањата во Украина се директна закана за безбедноста на Бугарија

1 min read

Министерот за одбрана на Бугарија Стефан Јанев изјави дека денеска регионот се соочува со најголемата криза од Студената војна и дека тоа што се случува во Украина директно ја загрозува безбедноста на државата.

Според него, трендот на промена на рамнотежата во Црното Море продолжува. -Анализите на бугарското Министерство за одбрана покажуваат сериозни дефицити во нашите вооружени сили, додаде Јанев, пренесува БГНЕС.

Тој посочи дека има пет приоритети, од кои некои вклучуваат модернизација на вооружените сили и дека ќе се направи се за да се доведат трошоците за одбрана до 2 отсто од БДП до 2024 година.

Според Јанев, целта е да се направи анализа на вооружените сили на Бугарија со цел да се зголеми нивната борбена обука и подготвеност. Посочи дека ќе се создаде батаљон на борбена група која ја нема во Бугарија. Сепак, ќе разговараме со американските претставници за тоа дали можат да учествуваат во него.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бектеши: Минимална плата 18.000 денари, заслуга на ДУИ и министерот за финансии Бесими

Следно

Тамара Чуприна и фудбалерот Дарко Велковски станаа родители: Го открија и името на нивниот син!

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian