„150 мртви за една недела поради Ковид, за Ковачевски и Ахмети поважни тендерите од здравјето“

1 min read

За една недела поради Ковид заразата починаа 150 жртви поради корона. Владата нема план за заштита на здравјето, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистинските прашања се:

1. Зошто владата крена раце и државата ја пушти во слободен пад во борбата против ковидот?

2. Зошто нема план и чекори во насока на превенција и заштита на новиот бран кој одзема животи?

3. Владата може ли да препознае која е стратегијата која се презема за да се намали бројот на заразени?

4. Зошто Ковачевски не ги почитува протоколите и нема маска на групните состаноци на владата?

5. Зошто наместо на помош на здравствениот сектор, владата е фокусирана на тендерите и матните бизниси?

6. Во неделата кога починаа 150 луѓе од корона поминаа сомнителни тендери од 1 милион евра на транспортна фирма за местење на колектори во МВР и 4 милиони евра за анонимна фирма за набавки на ДУИ во МОН“, стои во нивното соопштение до јавноста.

kurir.mk

Претходно

25 починати пациенти и 1.722 нови случаи на ковид-19

Следно

Истрагата откри нови детали: Матеј Периш и порано изчезнувал од ноќни клубови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian