ВИДЕО: Е. Пелистер го совлада Партизан во Белград

1 min read

Денеска битолската екипа успешно ја отвори новата натпреварувачка сезона во СЕХА Газпром лигата, откако триумфираше со 25:23 против Партизан.

Е. Пелистер во Белград ги освои првите два бода, на овој меч и двете екип имаа поддршка од своите верни навивачки групи.

Составот на Жељко Бабиќ воглавно го контролираше резултатот во своја корист, единствено домаќините еднаш имаа предност од 3:2, но потоа гостите покажаа зошто ја имаат фаворитската улога и стекнаа позитива од највисоки „плус пет“ во првото полувреме од 12:7.

Не се предаваа Србите, ја анулираа негативата двапати израмнувајќи на 19:19 и 20:20. Во самиот финиш Е. Пелистер не дозволи изненадување, се одвои на „плус три“ (20:23), а потоа и за четири разлика, по што сите дилеми околу победникот беа решени.

Кај домаќините најефикасни по пет голови беа Зечевиќ и Максиќ, а на спротивната страна седум погодоци беа дело на Мараш, два помалку запиша Граџан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | „Град во облаците!“: Ларунг Гар е тибетскиот дом на молитвата, тишината и големите мистерии!

Следно

Забрана за движење на камиони на неколку патни правци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian