ВИДЕО: Апокалиптични сцени во Мадагаскар по силното невреме

1 min read

Најмалку 10 луѓе загинаа на југоистокот од Мадагаскар во ново тропско невреме кое доведе до поплави, уништени домови и остави голем број жители без струја.

Во еден од најтешко погодените градови уништени се речиси 95 проценти од зградите. Жителите велат дека глетката е како да се бомбардирани.

Циклонот Батсираи го погоди копното во саботата навечер со силен дожд и ветер со брзина од 165 километри на час.

Се проценува дека поради невремето можат да бидат раселени до 150.000 луѓе.

kurir.mk

Претходно

„Решето влада, решето безбедносен систем, како Ковачевски и Ахмети ќе се борат против хибридни напади кога толку многу се посветени на крадење и тендери“

Следно

Дневен хороскоп за 7 февруари: Престанете да се грижите дека барате премногу

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian