ВИДЕО | 98-годишната Лили е хит на „ТикТок“: Нејзината приказна за Холокаустот го трогна светот

3 mins read

Преживеаната жртва на Холокаустот која поминала четири месеци во Аушвиц, Лили Иберт, стана ултра популарна на социјалната мрежа „ТикТок“.

Нејзиниот профил го следат повеќе од 1,7 милиони корисници ширум светот, а видеата на кои 98-годишната жена зборува за тоа како го преживеала Холокаустот имаат милиони лајкови.

@lilyebert It was the hell. I didn’t think that I would survive 💔 #holocaustsurvivor #98yearold #holocaustmemorialday #learnontiktok #survivor #strongwoman #viral #askontiktok #concentrationcamp #hell #history #neverforget #jew #cbsmornings #cbs #inspirational ♬ Clair de lune/Debussy – もつ

Нејзиниот 18-годишен правнук Дов Форман ѝ помага да објавува содржини на „ТикТок“. Сè започнало во 2020 година за време на карантините предизвикани поради пандемијата на коронавирусот.

„Ѝ реков на мојата прабаба ако другите можат да станат вирални поради танцување, зошто ние да не можеме да станеме познати споделувајќи навистина важни пораки“, изјавил Форман за „CBS“. Лили вели дека би сакала светот да ја дознае нејзината приказна.

@lilyebert Auschwitz was the hell, I am a witness. On #holocaustmemorialday I remember my family who were murdered for no reason 💔 #learnontiktok #holocaustsurvivor #hell #survivor #strongwoman #98yearold #neverforget #viral ♬ Schindler’s List – Movie Theme – Michele Garruti

 

„Не бев сигурна дали ќе преживеам. Чудо е што сум овде, но си ветив себеси дека колку и да живеам и што и да правам, ќе ја раскажам мојата приказна“, истакна таа.

Лили и Форман, исто така, ја напишале книгата „Lily’s Promise: How I Survived Aushwitz and Found Strength for Life“, чиј предговор го напишал принцот Чарлс.

Инаку, Еберт имала 20 години кога ја одвеле во Аушвиц. Истото попладне била однесена во гасна комора со нејзината мајка, брат и сестра. Лили била ослободена од американските трупи во 1945 година.

@lilyebert Auschwitz was the hell, I am a witness. On #holocaustmemorialday I remember my family who were murdered for no reason 💔 #learnontiktok #holocaustsurvivor #hell #survivor #strongwoman #98yearold #neverforget #viral ♬ Schindler’s List – Movie Theme – Michele Garruti

По нејзиното ослободување, Еберт поминала една година во Швајцарија, а потоа се преселила во Израел во 1946 година. Во 1967 година, таа емигрирала во Обединетото Кралство со нејзиниот сопруг Семјуел, каде што го започнала својот живот учејќи го светот за ужасите на Холокаустот.

Денес живее во северен Лондон, мајка е на три деца, баба на десет внуци и прабаба на дури 35 правнуци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грчкиот министер за земјоделство поднесе оставка

Следно

ВИДЕО: Златан „гази“ и во петтата деценија од животот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian