Тончи Хуљиќ за идната улога на дедо: Ни требаше малку време да се прилагодиме…

2 mins read

Тончи Хуљиќ зборуваше за идната улога на дедо. Неговата ќерка Хана и музичарот Петар Грашо го очекуваат своето прво дете.

„Цел живот кукам: „Деца, кога ќе правите ваши деца? Треба ли да почнам пак да правам деца“ и така натаму. И кога ќе се соочиш со тој факт, сите, освен Хана, бевме: „Чекај, сега се случува тоа? Дали е сега тоа реално?“. Ни требаше време да се прилагодиме“, изјави Хуљиќ за „RTL Exkluziv“.

Потврдено – среќни и возбудени: Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе станат родители

„Постојано го повикувавме и се случи. Сега одеднаш ти треба малку време да се прилагодиш на тоа. Кога ќе го земам тоа мало суштество во раце, тогаш ќе видиме. Мислам дека ќе има добри гени. Какви ќе бидеме, ќе видиме кога сè заедно ќе се случи“, гордо додаде музичарот. „Инаку, кога ми се родија децата, јас бев на сцена. Навистина бев на сцена. Имам некое благо чувство дека тоа може да се случи и овој пат“, заклучи Тончи.

За потсетување, Тончи неодамна изјави дека негова најголема желба е детето да се роди живо и здраво. Тој додава дека нема да се меша во воспитувањето на внуците.

„Не сум јас тој што треба да се грижи за децата, сигурен сум дека децата ќе бидат во многу подобри раце отколку јас да се занимавам со тоа. Си имаат мајка и татко кои се фини, мирни, имаат баба која е смирена, мислам дека е најдобро да се посветат, а дедо ќе биде некаде на пат“, рече Тончи.

Хана и Петар ќе се венчаат во февруари

Инаку, како што пренесуваат хрватските медиуми, Хана Хуљиќ и Петар Грашо ќе се венчаат на 19 февруари во Сплит. Венчавката ќе се одржи во црквата Свети Фрањо, а на истата ќе присуствуваат само блиското семејство и пријатели. Дали на свадбата ќе има некои познати имиња од естрадата, и кој ќе им биде кум на идниот брачен пар засега не е познато.

Врската со 14-години помладата Хана Хуљиќ привлече големо внимание, а Грашо вели дека се уште се труди својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За 24 часа коронавирусот зеде 57 жртви од Хрватска

Следно

Нов успех во Пекинг за Словенија: Тимско злато во ски-скокови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian