Се санираат повеќе улици и булевари во Скопје

1 min read

Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат секојдневно да ги санираат поголемите оштетувања на коловозите на булеварите и  на улиците со поголем проток низ Скопје.

Денеска ќе се изврши санација на ул. Ацо Шопов (Скупи), ул. Црногорска и ул. Лука Геров (до последна 22 во с. Волково) во општината Ѓорче Петров, бул. Борис Трајковски (правец од нас.Драчево кон нас.Пинтија), како и на бул.Теодосиј Гологанов каде што покрај санација на големите оштетувања ќе се нивелираат и шахтите кои долг период предизвикуваат поголеми штети на возилата на граѓаните.

Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ секојдневно се на терен и детектираат каде има потреба од итна санација на коловозот, но исто така се врши сондажа за потребата од дополнителна сообраќајна сигнализација низ градот која ќе ги намали сообраќајните незгоди и ќе помогне за подобра видливост на пешачките премини, информираат од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Инспектори на ДПИ утврдиле неправилности: Да се преземат сите мерки за целосно вклучување на Амбла во образовниот процес

Следно

Уставниот суд на Албанија за 30 дена ќе ја донесе одлуката за разрешување на Мета

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian