Официјално: Илиев е нов голман на словачкиот Тренчин

1 min read

После разделбата со премиерлигашкиот гигант Арсенал, македонскиот голман Дејан Илиев беше во потрага по нов клуб.

Нашиот 26-годишен чувар на мрежата одлучи да го облече дресот на Тренчин од Словачка. Како што официјално е објавено, Илиев потпиша договор на една и пол година.

И претходно има настапувано на словачко тло, поточно за Серед запишувајќи 18 настапи во периодот од 2019-2020 и уште три настапи минатата година.

Во меѓувреме беше на позајмица уште во полската Јагелонија (четири настапи) и англискиот Шрусбери таун (три настапи).

Тренчин настапува сезонава во најсилното словачко првенство, моментно е на деветтата позиција со 20 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Роналдо по влечки го прими роденденскиот подарок од сопругата: Георгина му подари ултра луксузен автомобил!

Следно

КЗБ размислува за продолжување на времетраењето на сертификатот за прележаност на ковид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian