Мбапе проговори по веста дека потпишал за Реал

1 min read

На 31 јануари германскиот весник „Билд“ ексклузивно објави дека Килијан Мбапе договорил сè со Реал Мадрид, потпишал преддоговор и на лето заминува во Шпанија.

На напаѓачот на ПСЖ летово му истекува договорот кој не сакаше да го продолжи и дефинитивно си заминува од „Паркот на принцовите“.

Но, Мбапе тврди дека сè уште ништо не е договорено. Тој даде изјава по синоќешната победа на ПСЖ со 5:1 против актуелниот шампион Лил во чиј натпревар постигна еден гол.

– Не, мојата одлука за иднината не е донесена. Натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид менува многу работи. Дури и да сум слободен да правам што сакам во моментот, нема да одам да разговарам со противникот или да правам такво нешто. Само сум фокусиран на триумф против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Потоа, ќе видиме што ќе се случи – рече Французинот.

Во осминафиналето на Лигата на шампионите се среќаваат ПСЖ и Реал Мадрид. Првиот натпревар ќе се одигра на 15 февруари во Париз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | GP ни кажа збогум: Марко Марковиќ ја напушти македонската Јутјуб сцена

Следно

ФОТО | Тамара објави емотивна фотографија од родителите: Убавина, гените се вистинско чудо!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian