Макрон разговараше со Бајден пред да се сретне со Путин

2 mins read

Како што, соопшти Елисејската палата, овој 40-минутен телефонски разговор е дел од „логиката на координација“, пред денешното патувањето на францускиот претседател во Москва, а потоа и во Киев во вторник, каде што треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека верува оти може да обезбеди деескалација на ситуацијата околу Украина на утрешната средба со Владимир Путин во Москва и смета дека Западот би можел да ѝ направи отстапки на Русија.

Во интервју за Журнал ди Диманш во пресрет на неговото заминување за Москва, Макрон навести дека вистинската стратегиска амбиција на Путин не е да ја окупира Украина, а на Москва ѝ понуди маслиново гранче, велејќи дека ја разбира потребата на Русија да ги брани своите безбедносни интереси.

„Интензитетот на дијалогот што го имавме со Русија и утрешната посета на Москва веројатно ќе спречи воена операција, а потоа ќе разговараме за условите за деескалација. Отсекогаш сум имал длабоки дијалози со Путин и нашата одговорност е да најдеме историски решенија“, рече Макрон.

Тој истакна дека е убеден дека освојувањето на Украина не е основната геополитичка цел на Путин, туку дека тој сака да воспостави јасни правила за соживот со НАТО и Европската Унија.

Според Макрон, Русија има право да бара преговори за безбедносни гаранции.

Безбедноста и суверенитетот на Украина, или на која било друга европска земја, не може да бидат дел од компромисот, но и легитимно право на Русија е да го покрене прашањето за сопствената безбедност, рече претседателот на Франција.

kurir.mk

Претходно

Во Грција престанува да важи сертификатот за вакцинација за оние кои не примиле бустер доза

Следно

Неделава нова средба на експертско ниво за политичкиот пакет прашања со Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian