Ковачевски допрва ќе формира работни групи за изборниот модел

1 min read

Премиерот Димитср Ковачевски најави дека допрва ќе се формираат работни групи за измена на Изборниот законик  во делот на изборниот модел. Според ова, тешко дека до март ќе бидат донесени измените за една изборна единица, барање кое како услов го поставија помалите владини партнери на СДСМ.

-Прашањето за една изборна единица е дел од Изборниот законик и тој секогаш се носел со консензус. Ние сме партија која прва го поддржа концептот на една изборна единица и со тоа барањето на помалите партии кои се дел од владината коалиција. Дел од партиите излегоа со свое видување како треба да изгледа изборниот модел. Јас имам личен став за правење на изборниот модел, односно дека треба да биде правен низ широка расправа преку работни групи кои ќе вклучат претставници од партиите, од ресорното министерство и експерти од ОБСЕ и ОДИХР со цел да дојдеме до изборен законик кој на најдобар начин ќе ги отсликува заложбите на партиите, барањата на граѓаните и кој ќе гарантираат фер изборен натпревар и резултати коишто на најдобар начин ќе ги отсликаат програмите на партиите и гласот на секој граѓанин во државата. Имаме доволно време да се формираат работни групи  коишто ќе работат на ова решение, односно каков изборен законик ќе имаме за парламентарните избори во 2024 година – вели Ковачевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скандал во Ајакс: Овермарс испраќал непримерни пораки на колешки

Следно

Пендаровски со убав гест: Ја однесе во училиште малата Ембла

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian