Koja е тајната на луѓето што доживуваат долговечност? Ќе ве зачуди овој факт!

2 mins read

Луѓето кои живеат 100 години и повеќе, можеби имаат нешто што останатите луѓе го немаат (или барем не во доволен број), вели едно јапонско истражување направено во 2021.

За што станува збор?

Станува збор за одреден тип цревна бактерија која помага во спречување на инфекции. Резултатите по истражувањето на одредена група возрасни луѓе укажува дека бактериите во специфични соединенија, познати како „секундарни жолчни киселини“, кои можат да придонесат за здрави црева, со тоа придонесуваат и за здраво и долго стареење.

Сепак, потребни се многу повеќе истражувања, за да се дознае што ја предизвикува таа бактерија да го „издолжува“ животниот век. Моменталните резултати покажуваат поврзување помеѓу цревните бактерии и стогодишниот животен век, што не мора да значи дека токму таа бактерија го продолжува векот.

Листа на цревни микроби
Познато е  дека заедницата на бактериите и другите микроорганизми кои живеат во цревата играат главна улога во нашето здравје, а флората се менува како што старееме. Истражувањата покажуваат дека лицата кои достигнуваат до 100 години, можно е да имаат специфична цревна бактерија која донесува добро здравје. Притоа, 100 годишните луѓе имаат многу помал ризик од хронични болести, особено во споредба со оние кои имаат 70 години, да речеме.

100 години роденден
Vladislav Markin / Alamy / Alamy / Profimedia

Во наведените истражувања, научниците ги испитувале микробиотите на црева од 160 стогодишници кои во просек имале 107 години. Споредено со микробиотите на 112 личности постари од 85 до 89 и 47 личности постари од 21 до 55, отркиле дека стогодишниците имаат јасен „Потпис“ на цревни микроби, кои ги нема во другите старосни групи.

Со анализата на цревните метаболити, во сите три групи откриле дека постојат „секундарни жолчни киселини“, но погодете чија група имала најмногу? Се разбира, стогодишниците.

Жолчните киселини се всушност „двигатели“ во дигестивниот тракт и тие помагаат да се разложат мастите. Откако желудникот ќе ги произведе, се спуштаат во цревата и бактеријата ги модификува во секундарни жолчни киселини. Токму во овој трансфер, предничат постарите луѓе. Дали е генетика или еволутивна моќ, може само дополнително да се истражува.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кадиевска: Досега енергетската криза македонските граѓани ги чини 113 милиони евра

Следно

ВИДЕО: Атлетик Билбао останува во игра за Лигата на шампионите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian