Грција и Холандија со нови ковид протоколи за македонските граѓани

1 min read

Министерството за здравство во Холандија ја класифицираше Република Северна Македонија како „зона со многу висок ризик”, значи едно ниво повисоко од досегашното, соопштија од Министерството за надворешни работи, од каде додадоа дека за влез во ова земја од утре се предвидени нови услови.

– За сите патници од Северна Македонија кои патуваат за Холандија, ќе важи правилото за задолжителен карантин. Од друга страна, вакцинираните патници (две вакцини и дополнителна трета вакцина/бустер) кои патуваат од многу високо ризични земји не мора да одат во карантин, информираат од МНР.

Воедно, од таму појаснуваат дека од денеска се до 24 февруари за влез во Република Грција е потребно прикажување на Европски дигитален сертификат. – Доколку имаат навршено најмалку четиринаесет (14) дена од вакцинацијата и не повеќе од 9 месеци по завршувањето на основната вакцинација или без временско ограничување за патниците кои ја примиле и третата доза, потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со методот ПЦР или по контрола со користење на брзи антиген тестови (rapid test), велат од МНР.

– Европскиот дигитален сертификат за прележана болест се издава четиринаесет (14) дена по првиот позитивен тест и неговата важност трае до сто и осумдесет (180) дена по тестот; или негативни резултати од лабораториски тест со методот ПЦР спроведен во последните седумдесет и два (72) часа пред нивното пристигнување во Грција или со брз антиген тест (rapid test) во рок од дваесет и четири (24) часа пред пристигнувањето во Грција, додаваат од МНР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов успех во Пекинг за Словенија: Тимско злато во ски-скокови

Следно

Став на ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните судии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian