ФОТО+ВИДЕО | Роналдо по влечки го прими роденденскиот подарок од сопругата: Георгина му подари ултра луксузен автомобил!

1 min read

Кој е како Роналдо и неговата сопруга Георгина? И обајцата си подаруваат подароци за роденден како што им доликува – „на висока нога“ и со многу вкус.

Георгина на својот инстаграм профил објави видео во кое таа боса изглегува надвор да му го покаже скапиот подарок што го купила за роденденот на својот партнер, фудбалерот Кристијано Роналдо за неговиот 37 роденден.

Автомобилот е од марката Cadillac Escalade со осум седишта, кој чини преку 170 илјади евра! На видеото во автомобилот се седнати трите деца кои слушаат музика и уживаат, а претходно Роналдо, во опуштено издание по влечки, го „пробува“ возачкото седиште.

На објавата напиша:

„Среќен 37-ми роденден на љубовта на мојот живот. Те сакам бескрајно. Ти си најдобриот татко и најдобриот партнер со кого Бог можеше да ме спои. Ти си борец и ги заслужуваш сите убави нешта што ти се случуваат. Ти си совршенство и инспирација“ – му посака таа.

Роналдо пак, претходно објави фотографија на својот инстаграм профил, каде тој и Георгина се седнати на прославата на неговиот роденден, а пред нив има торта во форма со неговите иницијали и бројот на дресот „CR7“ со многу свеќички. На објавата Кристијано напиша:

„Животот е лудо возење – напорна работа, брзина, цели, очекувања… Но, на крајот сè се сведува на семејството, љубовта, искреноста, пријателството, вредностите што го прават животот вреден“.<

Да потсетиме дека за роденденот на Георгина, Кристијано ни малку не штедеше. Тој освен што ја изненади својата сопруга со патување, токму во Дубаи организираше нејзиното лице да се најде како светлечка фотографија на најголемата зграда – Бурџ Калифа. Па, семејството очигледно знае како да ужива во своите роденденски подароци!

ФОТО+ВИДЕО | Роналдо ѝ приреди неверојатно изненадување на Георгина во Дубаи: Фудбалерот се надмина!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Србија пристигна „Паксловид“, лек против ковид одобрен од ЕМА

Следно

Официјално: Илиев е нов голман на словачкиот Тренчин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian