ФОТО | Тамара објави емотивна фотографија од родителите: Убавина, гените се вистинско чудо!

1 min read

Нашата популарна пејачка Тамара Тодевска многупати истакнала дека семејството е најважно во животот. Тамара неретко објавува семејни фотографии, на кои во прв план се нејзините две деца Хана и Дарен. Уживање е да се гледаат убавите семејни фотографии што ги споделува на социјалните мрежи.

Меѓу другото, очигледна е и нејзината сестринска близина и љубов со Тијана. Двете сестри – пејачки имаат близок однос и уживаат во друштвото една на друга кога и да се во можност, имајќи предвид дека Тијана живее во Белград, за што сведочат и фотографиите кои ги објавуваат на своите профили на социјалните мрежи.

Овојпат Тамара сподели фотографија од нивните родители, мајката Брана, поранешна оперска певица и таткото Велко, професор по контрабас.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

Според фотографијата очигледно е од каде ја наследиле убавината. Фотографијата од родителите на Тамара и Тијана датира од нивната младост, прикажувајќи двајца убави луѓе.

Во краткиот опис на фотографијата, Тамара напишала: „Моите мајка и татко“, додавајќи емотикони со срциња.

Гените се вистинско чудо, за што сведочи фактот дека Тамара и Тијана музичкиот талент го наследиле од двајцата родители.

Instagram
Фото: Инстаграм

Инаку, Тамара е во брак со Александар Димитровски – Мачка, со кого ги има Хана и Дарен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мбапе проговори по веста дека потпишал за Реал

Следно

Милошоски: Казната за „негативно мислење“ е појасна кога ќе се види кој ја предложил

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian