ФОТО | Кајли Џенер и Тревис Скот станаа родители по втор пат: Познат е и полот на бебето

2 mins read

Кајли Џенер и Тревис Скот го добија своето второ дете. Ѕвездата на шоуто „Keeping Up With the Kardashians“ на својот инстаграм-профил, покрај црно-белата фотографија од рачето на бебето и раката на нејзината постара ќерка Сторми, објави дека нејзиното прво дете пристигнало на 2 февруари.

ВИДЕО+ФОТО | Кајли Џенер е бремена: Ријалити ѕвездата ја потврди среќната вест

Иако 24-годишната мајка не го објави ниту полот, ниту името на бебето, „Е! News“ пишува дека таа родила момче.

На обожавателите им беше доволна потврда и фактот што Тревис на нејзината објава коментираше со две срца, сина и кафена.

кајли џенер
Кајли / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Интересно е што бебето пристигна само еден ден по роденденот на четиригодишната Сторми. Кајли ја потврди бременоста на почетокот на септември, неколку недели по бројните извори за „Е! News“ откри дека нејзиното семејство се проширува.

За објавувањето на веста, Кајли сними видео во кое држи позитивен тест за бременост додека Тревис го прегрнува нејзиниот стомак.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Извори блиски до парот открија дека Кајли од декември е зафатена со уредување на бебешката соба и дека за тоа зборува цел ден. Тие додале дека Тревис ѝ е голема поддршка за време на бременоста.

„Тие се дефинитивно неразделни и многу се потпираат еден на друг“, рекол изворот.

 

Кајли и Тревис се во врска од 2017 година, но раскинаа две години по раѓањето на Сторми. Меѓутоа, заедничката грижа за детето повторно ги зближила и ја обновиле врската која сега е крунисана со уште едно бебе.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Жителите на Баикса не смеат да ги напуштат домовите, градот во карантин поради Ковид-19

Следно

Институтот за јавно здравје препорачува бремените жени да се вакцинираат против ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian