Четири најчести женски ревматски болки: Што ги предизвикува и како се лекуваат

5 mins read

Ако сте забележале дека жените повеќе ви се жалат на ревматски болки од мажите, верувајте дека е така. Статиската покажува дека жените се три пати позагрозении, и тоа поради хормоните.

Со зимата, кога температурата е пониска, а влажноста поголема, сѐ поголем е бројот на оние кои се жалат дека ги мачи реумата. Чувствуваат болки во коските, зглобовите и мускулите, тешко стануваат, а движењата им се ограничени.

Ревматските болки се многу чести, а новите истражувања покажуваат дека постојат некои кои главно ги погодуваат жените. Ги има четири, и тоа се ревматоидниот артритис, системскиот еритемски лупус, системската склероза и фибромијалгијата. Првите три се автоимуни болести, додека фибромијалгијата е невролошка болест.

Кај автоимуните болести, имуносистемот ги напаѓа сопствените ткива и органи доведувајќи до нивно оштетување и појава на симптомите на болестите. Се претпоставува дека женските полови хормони имаат значајна улога во развојот на автоимунитетот, па жените во репродуктивниот период, на пример, од лупус заболуваат седум-осум пати почесто отколку мажите, објаснуваат ревматолозите.

Лупус

Симптомите на системскиот еритемски лупус се различни – некој има еден, некој повеќе, а првите се зголемена температура, болка и оток во зглобовите, појава на осип по кожата, особено на лицето, малаксаност, замор…

Лупусот може да го зафати кој било орган, вклучувајќи ги косата и ноктите, а се манифестира на различни начини. Постојат благи форми на лупус, кои ги зафаќаат зглобовите и кожата и кои релативно лесно се контролираат со лековите, но и тешки облици, кои ги зафаќаат бубрезите, белите дробови, крвните садови и често бараат агресивна имуносупресивна терапија, истакнуваат лекарите и додаваат дека кај повеќето пациенти лекувањето, сепак, дава добри резултати.

Ревматоиден артритис

Ревматоидниот артритис е заболување кое најчесто ги зафаќа зглобовите на дланките и стапалата, иако може да го оштети кој било зглоб, а кај тешките форми може да бидат зафатени и различни органи.

Главен проблем на кој пациентите се жалат е болката во зглобовите проследена со оток и долготрајна утринска вкочанетост, која обично трае подолго од половина час, објаснуваат лекарите.

За лекување на ревматоидниот артритис постојат цела низа моќни лекови.
Никаде нема таков напредок во лекувањето како кај оваа болест. Вистинска револуција направија т.н. биолошки лекови, кои се користат за особено тешки форми на болеста.

Системска склероза

Системската склероза е една од најтешките ревматски болести и три-четири пати е почеста кај жените. Иако постоја полесни т.н. ограничени форми на болеста, склерозата често ги оштетува белите дробови, срцето и бубрезите.

Првите симптоми се бледило, модрило и црвенило на прстите по изложувањето на студ. Овие промени се познати како Рејнов синдром, а понекогаш може да се јават и кај здравите помлади луѓе. Потоа се јавува дифузен оток на дланките, а потоа задебелување, односно склероза на кожата.

Поради пропаѓање на белодробното ткиво отежната е размената на гасовите, а оштетувањето на крвните садови води кон појавата на зголемениот притисок во белодробната циркулација. Се појавуваат и ранички на врвовите на прстите, а повремено доаѓа и до гангрена на прстите, наведуваат лекарите.
За жал, тераписките можности се многу ограничени и засега постојат само два лекови кои значајно влијаат на оштетување на белите дробови, додека за промените на кожата нема ефикасни терапии.

Фибромијалгија

Фибромијалгијата не е автоимуна болест, но понекогаш се јавува како придружник на тие заболувања. За неа се типични болките во мускулите, вратниот дел на ‘рбетот, крстот, често и по должина на целиот ‘рбетен столб. Пациентите се многу чувствителни, понекогаш и ракувањето или прегратката за нив се многу болни. На појавата на боелста голема улога имаат физичките фактори, а стресот значајно ги влошува симптомите.

За жал, дијагнозата обично се поставува доцна, најчесто пет години од настанувањето на болеста. Тогаш е клучно да се отстранат причините за стресот и да се почне со програма на физичка активност. На најголем број пациенти им се даваат лекови од групата на антидепресиви и антиепилептици.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЦРНИ БРОЈКИ: Над половина милион починати од коронавирус во Индија

Следно

ВИДЕО | Поповски: И во бугарското и во македонското општество имаме многу непознатици како ги перцепираме Гоце Делчев и другите револуционери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian