Бесими: Со Бектеши доживеавме сообраќајна несреќа кај Владата, нема потешко повредени

1 min read

Министерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека доцна попладнево службеното возило во кое се превезувал заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, било учесник во сообраќајна незгода.

– Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, напиша Бесими на „Фејсбук”.

 

Верижен судар на крстосницата пред Влада, има повредени

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Готово: Зиле од Баерн во редовите на Борусија Дортмунд

Следно

Кадиевска: Не се почитува колективниот договор на јавниот сектор за раст на плати, ВМРО-ДПМНЕ ќе има амандман за ова прашање за да се почитува

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian