300 ИЛЈАДИ ЌЕ ФРЛИМЕ, НО 250 ИЛЈАДИ ПРИСТИГНАА – новиот министер се пофали со новите Фајзер вакцини од Италија

1 min read

Пандемијата на ковид-19 сè уште не е завршена, иако многумина мислат така. Мал е бројот на лица кои примиле порва доза, мал е бројот и на лица кои примиле трета доза. Затоа апелирам до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи вакцините се сигурни и безбедни и се ефикасни во борбата против коронавирусот, истакна министерот за здравство, Беким Сали при примопредавање на првиот дел од донацијата на 250.000 дози на вакцини со потпис на „Фајзер“ преку Ковакс механизнот и УНИЦЕФ. Вториот дел од донацијата е најавен дека ќе пристигне во земјава во среда.

Благодарност до италијанската влада за оваа донација. Ние како министерство се грижиме во континуитет да имаме доволен број на вакцини и сакаме оваа акција за вакцинација да биде општо прифатена од нашите граѓани. Единствен начин за заштита од ковид-19 во моментот е вакцинација, порача министерот Сали.

Донацијата, во име на италијанската влада, ја врачи амбасадот на Италија во земјава, Андреас Силвестри.

Инаку, јавноста беше информирана пред само неколку дена дека 300.000 вакцини ќе се фрлаат во депонијата Дрисла бидејќи рокот на употреба е до крајот на февруари, а потоа ќе отпочне постапка за нивно уништување.

300 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ФАЈЗЕР ЗАВРШУВААТ ВО ДРИСЛА – им истекува рокот на крајот од овој месец!

 

kurir.mk

Претходно

Сали: Лицата со коморбидитети да се вакцинираат, се уште нема починат кој примил трета доза

Следно

Во Србија регистриран првиот случај на „стелт“ омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian