Јапонецот Рјоју Кобајаши е нов олимписки шампион откако триумфира на малата скокалница во Пекинг.
Кобајаши до златниот медал дојде со скокови од 104.5 и 99.5 метри за кои собра вкупно 275 бода кои беа доволни за освојување на златниот медал.
Сребрениот медал му припадна на австрискиот ски скокач Мануел Фетнер со 278.8 бода, додека последното место на победничкиот пиедестал го освои Полјакот Давид Кубацки кој освои 265.9 бодови.
Flying like an eagle! 🦅
Kobayashi Ryoyu (Japan) soars to earn the #Gold medal in #SkiJumping Men’s Normal Hill Individual!#Beijing2022 | #StrongerTogether | @Japan_Olympic | @RyoKoba8118 pic.twitter.com/ksrXGsItvd
— Olympics (@Olympics) February 6, 2022
Најголем губитник е Словенецот, Петар Превц кој по првата серија беше втор, а на крајот заврши на четвртата позиција. Може да жали и легендарниот Камил Штох кој по првиот скок беше на третото место, а на крајот заврши дури шести.
Освојувањето на златниот медал во Пекинг е најголемиот успех на Јапонецот кој на претходните Игри во Пјонгќанг го освои седмото место.
Кобајаши на почетокот од годинава по втор пат триумфира на Четири скокалници.