ЗОИ Пекинг: Русите доминираат во скијатлон

1 min read

Русинот Александар Болшунов го освои златниот медал во скијатлон на Зимските олимписки игри во Пекинг. Доминацијата на руските нордиски скијачи ја потврди Денис Спицов кој го освои второто место и сребрениот медал.

Болшунов победи на трката на 15+15 километри со време од 1:16.09.0 час и за една минута и 11 секунди беше побрз од сонародникот Спицов. Бронзениот медал го освои Финецот Ливо Нисканен кој задоцни две минути зад победникот.

Ова беше петти медал медал за Болшунов на ЗОИ откако на претходните Игри во Пјонгчанг освои дури четири, но му е прво златно одличје по три сребра и една бронза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сашка и Сашко ни подготвија интересен рецепт: Вкусно лепче со путер и зачини

Следно

Нови реакции за предлог законот за клевета и навреда, реагираат новинарите и партиите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian