ВИДЕО: Некоја нова Барса, шампионот од „Камп Ноу“ си заминува со четири гола во мрежата

1 min read

Натпреварот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид конечно го оправда епитетот на дерби во Ла Лига, а за тоа најголеми заслуги имаат домашните фудбалери кои го одиграа најдобриот натпревар сезонава.

Барселона во дербито на 23 коло од Ла Лига, со 4:2 го совлада шампионот Атлетико Мадрид и го прескокна на табелата. Каталонскиот тим сега е четврти на табелата со 38 бода, два повеќе од Атлетико Мадрид, но и два помалку од третопласираниот Бетис.
Атлетико одлично го започна натпреварот, во осмата минута Луис Суарез му асистираше на Караско кој го совлада Тер Штеген за водство од 0:1.

Но, радоста на гостите траеше само две минути бидејќи Жорди Алба со прекрасен гол го израмни резултатот.
Фудбалерите на Барселона не застанаа тука и дсо крајот на првиот дел постигнаа уште два гола за убедлива предност од 3:1. Прво Гави во 21 минута погоди за 2:1, а потоа Араухо во 43 минута и носи предност на Барселона од 3:1.

Одличната игра на каталскиот тим продолжи и во второто полувреме кога во листата на стрелци се запиша и Дани Алвеш.
Само девет минути подоцна, во 58 минута, Луис Суарез намали на 4:2, но не застанаа возбудувањата на „Камп Ноу“. За тоа најголем виновник е Дани Алвеш кој поради груб старт во 69 минута доби директен црвен картон.
Но, до крајот на натпреварот, фудбалерите на Барселона успеаја да се одбранат и да дојдат до голема победа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ова се најздравите луѓе на планетата: Физичката работа и добриот избор на храна се заслужни за нивниот долг живот!

Следно

Во тек консултации за формирање влада во Црна Гора

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian