Нотингем Форест приреди изненадување во четвртото коло од ФА купот со убеливата победа над Лестер, но натпреварот остана во сенка на инцидентот што го предизвика еден навивач кој влета на теренот и ги нападна играчите на победничкиот тим.
Навивачот на Лестер по третиот гол на Нотингем во 32 минута, влета на теренот и удри дел од фудбалерите. Обезбедувањето реагираше и го тргна навивачот од теренот, но не беше доволно брзо за да спречи инцидент. Навивачот е уапсен и веднаш е приведен во полициска станица.
Фановите на Лестер не прекинаа со инцидентите тука, тие по натпреварот демолирале паб во Нотингем.
A ‘fan’ ran onto the pitch and attacked Nottingham Forest players while they celebrated scoring a goal vs. Leicester City today. pic.twitter.com/0wx9A5Icwg
— B/R Football (@brfootball) February 6, 2022