Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во осминафиналето на ФА купот откако во четвртото коло со 3:1 го совладаа Кардиф.
Иако доминираа, „црвените“ поведоа во второто полувреме и тоа во 53 минута благодарение на голот на Диого Жота кој одлично реагираше по центаршутот на Трент Александер-Арнолд.
Ливерпул го зголеми водството во 68 минута преку Такуми Минамино, а осум минути подоцна Харви Елиот погоди за убедливи 3:0. Почесниот гол за Кардиф го постигна Рубин Колвин во 80 минута. Противник на Ливепрул во осминафиналето ќе биде тимот на Норич