ВИДЕО | Италија одбра песна за Евровизија: Моќното дуо Махмуд и Бланко ги освои симпатиите на публиката!

1 min read

Победниците на италијанскиот фестивал „Санремо“ за избор за песна што ќе ја претставува Италија на овогодинешната Евровизија се моќното дуо Махмуд и Бланко со песната „Brividi“.

Песната „Brividi“ веднаш стана фаворит на обложувалниците, па многумина на социјалните мрежи веднаш почнаа со претпоставки дека Италија и оваа година ќе победи на Евровизија.

Сепак, треба да се напомене дека досега се познати само девет песни кои ќе ги слушнеме на овогодинешниот натпревар.

Да потсетиме, Махмуд на Европската јавност ѝ е веќе добро познат, бидејќи тој ја претставуваше Италија на Евровизија во 2019 година со песната „Soldi“, и го освои второто место, а песната стана ултимативен хит.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нападите на грчките хакери траат 20 дена: Владата, МБРМ, МНР, Телеком – жртви на „најголемиот сајбер напад“

Следно

Минималец на Реал Мадрид за ново бегство на табелата во Ла Лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian