УХМР: Јануари просечно студен со потпросечна количина врнежи

2 mins read

 Јануари годинава се карактеризира како просечно студен и подпросечно влажен месец во споредба со многугодишните просечни вредности, согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државава што ги врши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

-Колебањето на температурата изнесуваше 7,8 степени Целзиусови и се движеше од -2,6° степени во Маврово до 5,2 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јануарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1981-2010), овогодинешната била 0,1 степен над просечната  на ниво на држава. Во почетокот  на месецот беа забележани високи максимални и минимални температури невообичаени за овој дел од годината. На повеќе мерни места максималните температури  беа повисоки од  апсолутните максимални вредности. Највисоката  максимална температура беше измерена на 1 јануари  во Гевгелија и изнесуваше 20,7 степени, информира УХМР.

Забележени се минимални температури под нулата на сите мерни места особено поинтензивно ниски  во  третата декада. Најниската температура  во текот на месецот е измерена во Берово, на 25 јануари и изнесуваше -19,6 степени.

Како што соопшти УХМр, во јануари годинава колебањето на  месечната  сума на врнежи во државата изнесуваше 55мм и се движеше од 9,3мм во Прилеп до 64,4мм во Маврово.

-Врнежите беа од дожд  и снег, претежно во почетокот на втората декада од месецот. Максимална дневна количина на врнежи од 37,5мм беше регистрирана во Демир Капија на 11-ти во месецот.  На Попова Шапка на 11-ти беше измерена снежна покривка од 60 сантиметри.. Споредено со јануарската просечна вредност за многугодишен период (1981-2010), измерената  месечна сума на врнежи беше 15мм под просечната,  учествуваше со 67 проценти во просечната на ниво на држава, наведуваат од УХМР.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 6 февруари: Се отворате за вистинските борби во вашите животи

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците од СДСМ и ДУИ за 100 дена имаат резулат една голема НУЛА, наместо проекти на граѓаните им донесоа поскапувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian