Прв златен медал за Нов Зеланд во историјата на ЗОИ

1 min read

Зои Садовски Синот го освои златниот медал во сноуборд во дисциплината слоупстајл и стана првата спортистка од Нов Зеланд која станала олимписка шампионка на Зимски олимписки игри.

Садовски Синот, а претходните ЗОИ во Пјонгчанг пред четири години освои еден од двата бронзени медали за Нов Зеланд, што беа први медали за оваа земја уште од Игрите во 1992 година.

Сега Садовски Синот се искачи за две скалила погоре на победничкиот пиедестал и тоа во дисциплината во која доминира, таа е светска шампионка во слоупстајл од 2019 и 2021 година.

Таа  победи со резултат 92.88, а сребрениот медал и припадна на Џулија Марино од САД со 87.68, додека Австралијката Тес Коуди го освои бронзениот медал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Научниците одговорија: Зошто некои луѓе не можат да се заразат со коронавирус

Следно

Како „изгубено јагне“ се провлекува како традиција на сточарите од беровско

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian