Футсал репрезентацијата на Португалија ја одбрани титулата Европски шампион. Португалците во финалето на ЕП кое се играше во Холандија ја совладаа Русија со 4:2 иако имаа негатива од два гола.
🇵🇹 European champions ✅
🇵🇹 World champions ✅🏆🥇 Sum up this Portuguese team in one word!#FutsalEURO pic.twitter.com/XDZOhQl66a
— UEFA Futsal (@UEFAFutsal) February 6, 2022
Русите поведоа со головите на Антон Соколов и Андреј Афанасиев во првите 13 минути. Португалија на една минута пред крајот на првото полувреме намали на 1:2 преку Томаш Пако.
Во второто полувреме, доминантната игра на Португалците беше крунисана со три гола, Андре Коељо беше двоен стрелец (27 и 32 минута), а конечниот резултат го постави Пани Варела во 40 минута.
Со триумфот во финалето, Португалија стана втората репрезентација која успеала да ја одбрани титулата на ЕП, предтходно тоа го стори и Шпанија (2007, 2010 и 2012 година).
Во натпреварот за третото место и бронзениот медал, Шпанија со 4:1 ја совлада Украина.