Пелистер на најдобар начин ја прекина серијата порази во АБА2, со убедлив триумф над Младост

1 min read

Кошаркарите на Пелистер на најдобар начин ја прекинаа серијата од пет порази по ред во АБА2 лигата, со одлична игра и убедлив триумф над еден од фаворитите за највисок пласман.

Битолчани на стартот од третиот турнир во АБА2 Лигата кој сеигра во Бања Лука со 99:83 го совладаа Младост кој во овој дуел влезе со скор од пет победи и два порази.

Избраниците на тренерот Марјан Илиевски одлично го започнаа натпреварот, по пет минути игра имаа предност од 12:2, а во финишот од првиот дел водеа и со 21:9. Фантанстичен во тие моменти беше центарот Игор Кесар кој во првата четвртина која заврши со 31:18, постигна дури 18 поени за Пелистер.
Битолчани продолжија со одличната игра и во втората четвртина која ја добија 24:18 и на одмор заминаа со предност од дури 19 поени (55:36).

Во второто полувреме, пелистерци рутински ја одржуваа двоцифрената предност и на крајот славеа со убедливи 99:83. Најдобар на теренот беше Игор Кесар со 36 поени и 10 скока, Малешевиќ постигна 19 поени за Пелистер. Следниот натпревар, Пелистер ќе го игра за два дена против тимот на Рогашка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Цеца во „Ѕвездите на Гранд“ со луксузни очила во форма на пеперутка: Еве колку чинат!

Следно

Санкционирани 70 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian