Научниците одговорија: Зошто некои луѓе не можат да се заразат со коронавирус

4 mins read

Иако станува збор за мал процент, се чини дека некои луѓе се целосно отпорни на ковид-19.

Во списанието „Природа“ (Nature), објавени се резултати од новата студија, а во која стои објаснување зошто некои лица се отпорни на ковид-19, дури и ако жвеат со лице кое е заразено. Интернационален тим на научници, всушност, и понатаму се надева дека ќе дојдат до конкретниот одговор на ова прашање, а сакаат да утврдат дали можеби се работи за одредени гени кои би требало да се проучуваат со цел да се развијат нови третмани кои би можеле да помогнат во борбата против болеста.

Таа група на луѓе се разликува од оние кои се имунитет успешно се борат против вирусот кога ќе се заразр или оние кои ќе доживеат многу благи симптоми или пак се вакцинирани.

Доколку вирусот не може да се спои со клетките и да се размножува, имуниот систем вирусот воопшто нема да го забележи. Научниците сметаат дека всушност може да се случува кај лица отпорни на вирусот.

Сакаме да дознаеме кои се тие суперлуѓе кои се отпорни и зошто се отпорни, вели д-р Дон Винх, специјалист по инфективни болести.

Д-р Винх е експерт од Канада кои собрал лица кои биле изложени на вирусот, но не се разболеле и оние чии имун систем не покажува знаци на продор на вирусот.

Што е во прашање?

Постојат лица кои доаѓаат во болница болни и тоа со силни симптоми, но во нивното домаќинство постои лице што е сосема во ред, кое се тестирало и кај кое не се забележани никакви знаци на инфекција“, додава докторот и објаснува дека тоа може да се каже по проучување на антителата и Т-клетките на имуниот систем кои ќе откријат дали тој некогаш се сретнал со вирусот преку природна инфекција.

Д-р Винх вели дека целта на овој прокет е да се развијат третмани кои можат да ја попречат инфекцијата на самиот почеток, многу поефикасно отколку вакцината, која сигурно е одлично средство за заштита, но лицата кои се вакцинирани и понатаму можат да се заразат и да го шират вирусот.

– За да можеме да го прекинеме тој иницијален процес на инфекцијата, може да дознаеме како да и ставиме крај на пандемијата – појаснува д-р Винх.

Тој веќе собрал 1000 лица и неговиот план е да се спореди контролната група на оние кои биле изложени на инфекцијата за да се идентификуваат гените кои може да превенираат развој и множење на вирусот. Кога еднаш ќе се утврдат тие генетски варијации, фокусот ќе се префрли на протеините кои ги произведуваат дените и на прашањето дали нудат заштита од инфекцијата.

Зошто е важно ова истражување?

Низ историјата на човештвото постојат примери на луѓе кои биле изложени на вируси како маларија, ХИВ и норовируси, но никогаш не биле заразени.

Кај сите овие инфекции, гледаме дека има групи на луѓе кои се изложени на вирусот, но остануваат здрави, а потоа се изолираат молекулите одговорни за отпорноста, а некои се користат во терапии со лекови“, заклучува научникот.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зошто падот на Кривокапиќ е добра вест за Косово и за прозападните соседи на Црна Гора

Следно

Прв златен медал за Нов Зеланд во историјата на ЗОИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian