Нападите на грчките хакери траат 20 дена: Владата, МБРМ, МНР, Телеком – жртви на „најголемиот сајбер напад“

2 mins read

Хакерска група Моќна грчка армија Powerful Greek Armу, која два дена прави ршум по безбедносниот систем на Министерството за образование, под хаштагот #opENDMacedonia споделува и информација дека обезбедила пристап и од Владата на РМ. Грчките хакиери успеале да го пробијат сигурносниот систем и на Владата, а во информацијата на Твитер порачуваат дека имаат очи насекаде, пишува Република.мк.

Грчките хакери оперираат низ безбедносниот систем на повеќе институции во Македонија од 23 јануари. На Твитер порачуваат дека „во оваа операција сета инфраструктура и безбедноста на интернетот на Македонија ќе бидат парализирани, симнати и уништени. Тоа ќе биде убедливо најголемиот и најголем сајбер напад што некогаш го претрпела земјата. Ние сме моќна грчка армија. #OpEndMacedonia #PGA“.

Иако нападите траат подолго време, а на мета биле и Народната бакна и Телеком и Министерството за надворешни работи, нема ниту збор од Министерството за внатрешни работи.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО: Навивач на Лестер влета на терен и удри фудбалер на Нотингем

Следно

ВИДЕО | Италија одбра песна за Евровизија: Моќното дуо Махмуд и Бланко ги освои симпатиите на публиката!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian