ММА бара измена на предлог Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

3 mins read

Почитуван Министер Тупанчевски,

Македонската Медиумска Асоцијација во која членуваат националните ТВ станици: Алфа, Алсат, Канал 5, Сител и Телма, бара да извршите уште една формално-правна недоследност.

Имено во членот 5 на предлог измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета предлагачот на овој закон коректно го препознал терминот за медиуми, преземен од „лекс специјалис” законот, кога станува збор за медиумите, а тоа е во овој случај Законот за Медиуми.

Но од членот 6 па се до последниот член на овој предлог закон, се исфрла зборот ЈАВНО, и предлагачот користи сосема нов термин , кој не е во правна употреба во Македонија, и кој е обична зборовна „кованица” – Средства за Информирање.

Дополнително, предлагачот во делот на „О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е  НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ГРАЃАНСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА”, очигледно нотирајќи дека ваков термин „Средства за Информирање” не постои во нашето законодавство, се повикува на ЕСЧП па дава контрадикторни објаснување: „Поимот „средства за информирање” не регулира таксативно кои се тие средства за информирање. Европската конвенција и искуствата кои произлегуваат од праксата на ЕСЧП укажуваат дека просторот за изразување треба да биде слободен, без стриктно набројување или определување на сите средства или форми на јавно информирање”, односно предлагачот повторно го враќа во политички „живот” терминот ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ, што е основата на работата на медиумите.

Почитуван министер, со ваква дефиниција на медиумите , која е непозната во нашето и истовремено е во спротивност и со дефиницијата на Обединетите Нации ( види линк https://www.irmct.org/bcs/novosti/sredstva-javnog-informisanja ), ќе доведе до комплетен хаос во судскиот систем.
Секој уред , електронски или традиционален, кој служи за комуникација и информирање во приватни цели, со ваква дефиниција станува ЈАВЕН, што е спротивно на европската и светска законска пракса.

Ваквата дефиниција ќе предизвика безбројни тужби на приватни физички лица, кои ќе имаат формално-правна основа за поднесување на судски поднесок во секое време, доколку на пример едно физичко лице, преку една обична СМС порака наклевети или навреди друго лице, од причина што истото го сторило преку „средство за информирање”.

Затоа бараме овој предлог Закон да биде усогласен со „Лекс Специјалис” Законот за Медиуми, каде во член 2, став 1. е јасно дефиниран терминот медиуми, односно во самиот текст на предлог законот да се користи исклучиво терминот:

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ливерпул во осминафиналето на ФА купот

Следно

Акциска контрола во угостителски објекти во гевгелиско: Запечатени угостителски објекти, непочитување на протоколите, неиздавање фискални сметки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian